Две кучиња скитници предизвикале сообраќајни незгоди на автопатот Тетово-Скопје

Од:

На 14.01.2018 година во 20.00 и во 20.45 часот на автопатот Тетово-Скопје се случиле две сообраќајни незгоди предизвикани од кучиња-скитници, кои неконтролирано се движеле по коловозот.

Кучињата биле усмртени од патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (32) од с.Ларце и патничко возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал Т.А. (37) од Студеничани.

Во незгодите нема повредени лица во возилата.