Две години затвор за демонстрант од протестите на 5-ти мај

Од:

Две години и четири месеци затворска казна доби еден од демонстрантите кој учествуваше во протестот што на 5-ти мај се одржа пред Владата. Основниот суд Скопје 1- Скопје денеска ја објави пресудата со која на Б.Ј. му се одредува оваа затворска казна, додека на А.Т. му се одредува условна казна.

„Ценејќи ги одредбите од ЗКП, приложениот доказен материја од обвинителството и одбраната како и исказите на обвинетите, судот ја утврди фактичката состојба и обвинетите Б.Ј. и А.Т. ги огласи за виновни за кривичното дело Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службени дејствија од член 384 ст. 1 од КЗ и ценејќи го правилникот за одмерување на казни кој е на сила, на Б.Ј. му одреди затоврска казна во траење од 2 години и 4 месеци, додека на обвинетиот А.Т., алтернативна казна – Условна осуда од 7 месеци затвор која нема да се реализира доколку во рок од 2 години не стори ново кривично дело“, велат од судот.

Од таму додаваат дека судот ја укинал мерката притвор за обвинетиот Б.Ј. и му одредил мерки за претпазливост, како и дека се вратени мобилните телефони на двајцата обвинети.