Две деца повредени во одвоени сообраќајки на патот Берово-Виница

Од:

Две лица на возраст од 7 и 17 години се повредени во две одделни сообраќајни несреќи на регионалниот пат Берово – Виница, вчера меѓу 12 и 17 часот, соопшти МВР. Во првата незгода, на место викано Дивидија во атарот на беровското село Митрашинци, мотоцикл „јамаха“, со беровски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник, изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.

-Во незгодата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип. Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на Одделението за внатрешни работи Берово, се вели во полицискиот билтен за случајот.

Во втората несреќа настрадал 7-годишен сопатник, откако возачот на возилото со кое се превезувал малолетникот изгубил контрола над воланот.

-На место викано Кошето, атар на беровското село Будинарци, В.Б.Л.(31) од беровското село Митрашинци, управувајќи патничко возило „сеат алтеа“, со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во карпа. Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил седумгодишен сопатник, а со телесни повреди се здобила В.Б.Л., констатирани во Клинички центар „Систина“ – Скопје, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на Одделенеието за внатрешни работи Берово, стои во извештајот на полицискиот билтен.