Двајцата повредени војници во стабилна здравствена состојба

Од:

Двајцата припадници на АРМ од Тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ кои со прострелни рани денеска се донесени во Ургентниот центар во Скопје, со во стабилна здравствена состојба.

Ова денеска за МИА го изјави директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Илир Хасани, кој рече дека во моментов на војниците им се прават потребните испитувања и снимања на Клиниката за радиологија.

Посочи дека попладне најверојатно ќе им биде извршен оперативен зафат.

Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната додека го чистеле оружјето.

Доктор Фатмир Салију од Клиничката болница Тетово за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.