На магистралниот пат Охрид-Кичево меѓу селата Мешеишта и Требеништа синоќа се судриле патничко возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од И.Б. (36) од Мешеишта и патничко возило „Опел Мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.М. (41) од Скопје.
МВР информира дека во судирот со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „Опел Мерива“, С.М.(61) и А.М. (66).
