Дурловски: Подарена слобода на неправедно обвинет, прифатена како милост од „горе“, ќе биде тежок товар

Од:

Поранешниот директор на Македонската опера и балет, Игор Дурловски, кој беше еден од предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, што завршија со упад и насилство во Собранието, се огласи преку својот профил на Фејсбук, откако премиерот Зоран Заев повика на помирување за настаните од 27 април.

„Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од „горе“, ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА“, напиша Дурловски.

Подарена слобода на неправедно обвинетиот, прифатена како милост од ,,горе", ќе биде претежок товар врз плеќите на еден родител, пријател, македонец, кој цел живот се бори токму за една ВИСТИНСКА…СЛОБОДА!

Posted by Igor Durlovski on Понеделник, 15 октомври 2018

Дурловски, заедно со уште 33 лица е обвинет за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Премиерот Зоран Заев претходно, денеска, од собраниската говорница повика на помирување.