Durexman пристигна во Македонија

Од:

Македонија е земја на многу херои, а еден од нив последниве денови го посети Скопје. Станува збор за Durexmаn, главниот херој на компанијата Durex кој во придружба на неговите помошнички делеше презервативи за сите оние кои ги сретна на улица Македонија и во познатите градски кафулиња.

Неговата задача, освен бесплатните презервативи беа и советите за безбеден сексуален живот кај младите. Тој со својот тим планира да ги посети и останатите градови во Македонија каде ќе ја продолжи својата мисија за заштита од пренесување на сексуално преносливи инфекции.