ДУИ: Ние нема да молчиме, нема да престанеме да ја бараме вистината

Од:

Сѐ повеќе медиуми, и аналитичари, експерти и граѓани се во неверување — како е можно следново: Министерот за внатрешни работи – 13 месеци на функција. Директорот на Јавната безбедност – 9 месеци. Министерот за економија – 9 месеци. Директорот на Државниот пазарен инспекторат – 9 месеци. Управата за јавни приходи – 9 месеци. Овие лица се директно надлежни, институционално и правно, да вршат контрола, надзор и да спречат трагедии од ваков тип. Овие се луѓето кои денес имаат моќ да влијаат врз доказите и да вршат притисок врз сведоците. Но, ниеден од нив не одговара. Наместо тоа, гледаме извртување на правдата: во притвор се оние кои не се на функција, немаат институционално влијание, и не можат да го попречат процесот. Дури и студент на прва година од Правен факултет знае дека не постои причински последична врска низ годините, кога сите дозволи и лиценци се обновуваат секоја година, велат од ДУИ.

„Значи, ова не е правда. Ова е трансакција. Политички договор во кој премиерот добива можност да ја води судската фарса — емотивна манипулација, медиумски спектакл, пренасочување на вниманието, стопирање на вистинската истрага и заштита на луѓето од власта. Но оваа игра е опасна. Оваа неправда, оваа селективна правда, оваа контролирана бура од емоции и закани — ќе предизвикаат снежен лавина што ќе: Го разори правниот поредок. Jа уништи довербата во судството. Создаде жестока политичка поларизација, во која секој ќе фати секого за уши и ќе владее хаос наместо вистина. Ние нема да молчиме. Ние нема да престанеме да ја бараме вистината. Ние нема да дозволиме дежурни виновници да се вадат од партискиот тефтер на премиерот, од заробено судство и политичка корупција.