ДУИ и ДПА предводени од Македонци за полесно до победа

Од:

Шансата за победа ДУИ И ДПА на овие локални избори ја гледаат во вметнување Mакеодoнци на водечките позиции од сопствените советнички листи жртвуваќи ги албанските кандидати, велат од Невладината организација Каприкорн 2010.

„Според нашите анализи македонските муслимани кои ги одлучуваат овие избори се цел на сите политички субјекти во Струга , а пресудни ќе се гласовите на жителите од селата Лабуништа,Подгорци и Октиси. ДУИ и ДПА за успешно да им се додворуваат на овие гласачи дури и ги жртвуваа местата на советничката листа кои беа предвидени за нивните активисти кои со години се докажуваат со своите партиски активности, а во случајов нивните заслуги ќе одат на сметка на трети лица. Стружани се прашуваат дали на следните избори ДУИ и ДПА можеби ќе кандидираат Македонец како кандидат за градоначалник,само за да дојдат на власт“, вели Васко Јолески, претседател на Каприкорн 2010.