ДС: ОБСЕ и ОДИХР да ги повлечат набљудувачите

Од:

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека продолжување на изборниот процес со поднесување на листи на кандидати за пратеници од страна на ВМРО-ДПМНЕ, претставува театар на апсурдот и ја продлабочува и заострува политичката криза.

„Наместо разумно и државничко однесување, сведоци сме на ставање на личните над државните интереси. ДС инсистира на итен политички договор за одлагање на изборите, повлекување на аболицијата и избор на експертска Влада со јасен мандат, да спроведе реформи и ја стабилизира состојбата и обезбеди услови за избори“, се наведува во соопштението на ДС.

Оттаму сугерираат ОБСЕ и ОДИХР да ги повлечат набљудувачите.