Дрвокрадци пак нападнаа полицајци, овој пат во Кочани

Од:

Вработени во шумската полиција во Кочани пријавиле дека дента околу 16,30 часот, додека извршувале службени дејствија во содејство со полицајци од градот, биле физички нападнати од група дрвокрадци.

Инцидентот се случил кога полицајците запреле џип „Лада Нива“ без регистарски ознаки, натоварена со огревни дрва без соодветна документација. Полицајците одлучиле да го одземат џипот од дрвокрадците, по што тие ги нападнале службените лица.

Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот и приведување на напаѓачите, велат од МВР.

Минатиот месец, дрвокрадци во велешко нападнаа петмина полицајци кои ги затекнале како сечат дрва во шума во прилепско. Полицајците во тој инцидент се здобија со повреди, а еден од нив заврши со тешки повреди: фрактури на черепот и подлактицата.