Драма во Скопје: Мртовец излета од погребална кола

Од:

Во скопската населба 11 Октомври во непосредна близина на пазарчето кај расадник се случувала вистинска драма – од погребално возило кое се движело во правецот на семафорите на улица Првомајска во еден момент се отворила вратата и на алфалтот со креветна количка излетал мртовец, пишува весникот „Вечер“.

Возилото кое се движело зад погребалната кола за среќа покажало присебност. Се слушнало силно кочење и мртовецот во еден момент се нашол помеѓу две возила.

Весникот пишува дека возачот на погребалната кола истрчал и брзопотезно го собрал и го вратил во возилото.

Фото: Вечер