Драма на патот Штип-Велес, полицајци бркале имигранти низ шумата

Од:

Полицијата започна потрага по возачот на камион „TAM“ со струмички таблички, кој скокнал од возилото, откако бил запрен од полициска патрола која открила дека превезува азиланти.

Во просторот наменет за товар излегле повеќе азиланти кои избегале кон блиската борова шума, но подоцна се приведени, по што е откриено дека станува збор за 28 странски државјани без документи за идентификација и без регулиран престој во Македонија.

Станува збор за државјани на Еритреја, Сирија, Сомалија, Авганистан, Пакистан, Гвинеја, Алжир, Сиера Леоне и од Сенегал.

Во друга акциија пак, полицијата кај тунелот пред Демир Капија, во „мерцедес“,полицијата открила двајца сириски државјани без патни исправи.