Драган Спасов – Дац поднесе оставка од функцијата директор на МНТ

Од:

Министерството за култура ја известува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д директорот на Н.У Македонски народен театар, Драган Спасов – Дац.

Дац синоќа учествуваше во сообраќајна несреќа во која што повредена беше една девојка. Според информациите кои ги соопшти МВР, тој возел под дејство на алкохол.