Гостиварскиот Основен суд во петокот пресудил казна доживотен затвор за поранешниот полицаец Јаким Трифуновски. Убиството се случи на 28-ми февруари на паркинг во Гостивар, кога Трифуновски кој не бил на работна задача со службениот пиштол ги застрела Бесник Шехапи и Имран Мехмеди, јави Макфакс.
По убиството во јавноста имаше повеќе верзии зошто се случило, дека се скарале за паркинг место и дека полицаецот пукал во самоодбрана за да ја заштити својата ќерка која беше со него.
Роднините на убиените, пак, тврдеа убиството било извршено ладнокрвно и дека полицаецот бил насилен. Трифуновски и претходно имал други кривични пријави за насилство.
Семејството на Трифуновски се наоѓа под полициска заштита надвор од Гостивар. По убиството во Гостивар беа организирани демонстрации во кои настрадаа објекти во сопственост на Македонци.