А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Доналд Туск во посета на Македонија

by А1он22/11/2015 - 09:4264
Share0

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе престојува во работна посета на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

За време на престојот, Туск ќе има тет-а-тет средба со претседателот Ѓорге Иванов, по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, предвиден е и работен ручек на Туск и Иванов и членовите на делегациите.

Причина за итната посета од страна на првиот човек на Европскиот совет, како што објави и Доналд Туск на социјалната мрежа „твитер“,  е токму бегалската криза и напливот од мигранти во Европа.

Посетата на Туск следи непосредно по одлуката на одредени земји за ограничување на влезот на бегалците,  односно пропуштање само на бегалците од воените конфликти во Авганистан, Сирија и Ирак, а не и на економски мигранти од останатите земји од Блискиот Исток и Африка.
Претседателот на Европскиот совет пред Македонија ќе ги посети и Србија и Албанијa, кои исто така се главна рута на бегалците од воените конфликти.

Бегалската криза и заканите од тероризам беа причината минатата сабота претседателот Иванов да го свика Советот за безбедност.

На седницата беше заклучено АРМ и Управувачкиот комитет да ги преземат сите потребни мерки доколку се промени ситуацијата на теренот, односно во случај на можни ограничувања на протокот на мигранти во другите држави во Европа, кон кои тие се упатуваат, како крајна мерка да се преземе и поставување жичена ограда на границата.  

Претходно, Иванов изјави дека во Македонија нема да се градат бегалски кампови и дека земјата има капацитет привремено да згрижи 2.000 бегалци.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен