ДОМ им го честита Илинден на сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци во светот.
„На овој ден ги славиме двата историски Илиндена, 114 години од Крушевскиот и првата република на Балканот, но и 73 години од АСНОМ-скиот, со кој Македонија се здоби со државност. Илинден е темелот на македонската држава и не обврзува сите како граѓани со должна почит да го одбележиме. Да ги оставиме настрана политичките разногласија и дебати и да се обединиме околу заедничките желби за напредок и успешност на нашата земја. Да останеме отворени кон сите пријатели што подаваат рака и да покажеме, како многу пати досега, дека Република Македонија е дел од Европа и заслужува да биде и формално дел од европското политичко семејство“, се вели во честитката.