Дојавата за бомба во Сител лажна

Од:

Лажна тревога и во телевизија Сител вечерва. По проверката од страна на МВР, во телевизијата не е откриена никаква експлозивна направа, пренесе Нова Македонија.

За наводно поставена екслозивна направа било јавено во телевизијата во 22 и 10 минути. Женски глас кажал дека бомбата ќе експлодира за седум минути. Истовремено со идентична содржина дојава за бомба била примена и во полицијата за истата локација.

Полицијата бомба не најде.