Доградувал без одобрение на плоштадот „Скендер бег“, кривична пријава за скопјанец

Од:

МВР поднесе кривична пријава за 67-годишен скопјанец кој бесправно доградувал објект на плоштадот „Скендер бег“.

– Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад „Скендер бег”. А.Е. постапил спротивно на чл.56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба”, информираше МВР.