Договорот за името помеѓу Македонија и Грција ќе се потпишува во недела на грчка територија, во Преспа, потврди портпаролот на Владата на Република Македонија, Миле Бошњаковски.
Бошњаковски информираше дека настанот е поделен на два дела, од кои едниот ќе биде во Грција, а другиот во Македонија, додека точната локација и времето на потпишување ќе биде познато утре по 18 часот.
Владиниот портпарол информираше дека поради најавите за демонстрации од утре ќе има забрана за цивилни возила кон Преспа.
Виктор Јованов