Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески очекува Владата и кинески „Синохидро“ до крајот на јануари да ги завршат преговорите утврдување нов рок и дополнителни финансии за изградба на автопатот Кичево – Охрид.
– Договорот кој го склучила претходната Влада е автопатот да биде изграден до 31 јануари 2018 година. Ние сметаме дека е добро дотогаш Владата и ЈП за државни патишта да склучат анекс договор за продолжување на рокот и дотогаш да биде утврдена дополнителната цена која треба да ја има за да се догради автопатот, рече Сугарески, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која беше најавена изградба на нов експресен пат.
