Дисциплински мерки за полицајците кои приведоа членови на Левица

Од:

Против четворица полицајци коишто во саботата употребиле физичка сила при врз членовите на Левица кои протестираа пред воените возила на војските на АРМ и УСА кои беа презентирани на полоштадот во Скопје, ќе бидат преземени дисциплински мерки.

Ваква одлука е донесена по истрагата споведена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди по наредба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано била употребена физичка сила, а над тројца од нив без основа е употребено средство за присилба-врзување со лисици. Против полициските службеници кои што ги пречекориле службените овластувања и постапиле спротивно на член 83 и 85 од Законот за полиција ќе бидат преземени дисциплински мерки согласно Колективниот договор на МВР и ќе биде известено надлежното јавно обвинителство во Скопје“, информираше портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.