Директорот на МНТ, Драган Спасов Дац бил под дејство на алкохол, потврдија од полицијата. Тој синоќа со возило околу 19.20 часот во сообраќајна незгода повреди 21- годишна девојка. Девојката итно била префрлена во болница каде што се констатирани полесни повреди и е пратена на домашно лекување.
Според полицијата, вчера во 19.20 часот на улицата „Антон Попов“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски таблички управувано од Драган Спасов Дац удрило во пешакот Е.Ц.(21).
