Вчера во охридското муфтиство се одржа средба помеѓу охридскиот муфтија г. Самет еф. Хајдари и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи г-дин Даријан Сотировски.
На средбата беше разговарано за сите отворени и прашања важни за муслиманите во Охрид, како и за современите предизвиците со кои се соочуваат градот Охрид и сите негови жители. Беше взаемно истакната потребата од зголемена и искрена соработка во насока на унапредување на верските слободи и права на граѓаните.
Директорот Сотировски истакна: „Меѓуконфесионалната стабилност на општеството бара од сите нас посветеност и меѓусебна доверба, која пак се гради низ годините со многу толеранција и гестови на добра волја“.
