Директор на јавно претпријатие со закани ги тера вработените на контрапротест во Скопје

Од:

Граѓаните јавуваат за закани и присили од страна на локални директори на јавни претпијатија до вработените да одат на контрапротести во Скопје.

Како што информираат граѓани од Крива Паланка, денеска директорот на ЈП „Комуналец“ од овој град им испратил СМС порака на сите вработени во која бара сите да одат на протест.

„Наредба до сите вработени: Денеска на протест во Скопје. Се оди во 16 часот од градски плоштад во Крива Паланка. Секое отсуство ќе се санкционира!!!“, стои во пораката.

Граѓани информираат дека денеска од Крива Паланка кон Скопје тргнаа 3 автобуси со вкупно 60 луѓе кои ќе учествуваат на контрапротестот.