Државаната изборна комисија потрошила 765.954 илјади евра за превоз на членовите на избирачките одбори надлежни за спроведувањето на гласањето во странство и нивно хотелско сместување заради спроведување на Изборни активности за Претседателските и предверемните Парламентарни избори за пратеници во Собранието.
„Превоз на членовите на избирачките одбори, кои ќе го спроведат гласањето во ДКП на РМ во странство, за изборните единици 7, 8 и 9, на дестинациите согласно спецификација, на релација Скопје – соодветното ДКП – Скопје резервација и хотелско сместување за членовите на избирачките одбори, кои ќе го спроведат гласањето во ДКП на РМ во странство, за изборните единици 7, 8 и 9“, стои на бирото за јавни набавки.
Друштвото за агенциски и туристички работи и други услуги БТ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје го добила тендерот со преговарање без претходно објавување оглас.
„кога од причини од крајна итност предизвикани од настани кои договорниот орган не можел да ги предвиди и да му се припишат како пропуст, не може да се примени рокот за објавување на отворена постапка, ограничена постапка, постапка со барање за прибирање на понуди или постапка со преговарање со претходно објавување на оглас“, стои во графата за оправданост за изборот на постапката.