Додека Унгарија и Бугарија со ограда се обидуваат да го сопрат бранот азиланти, Македонија со новиот закон поттикнува брз транзит низ државата, пишува виенски Die Presse, укажувајќи дека тоа би можело да предизвика голем притисок на мигранти врз Србија.
Весникот потсетува дека патувањето низ Македонија до сега беше најтешка делница за бегалците кои преку Грција по балканската рута одат кон западна Европа.
Тоа сега е променето со изменатата на законот за азиланти, кој треба да им овозми на мигрантите да ја напуштат државата, наведува весникот.
Повеќето бегалци до сега Македонија ја минуваа пешки или со велосипеди кои скапо ги плаќаа. Маршевите долж пругата кон Србија беа ризичи и повеќе наврати во изминатите месеци воз усмрту имигранти, укажува Die Presse, потсетувајќи дека во април 14 лица од Сомалија и Авганистан загинаа на пругата во близина на Велес.
Новиот зкаон им овозможува на бегалците да користат автобуски и железнички превоз и бара од азилантите во рок од 72 часа да ја напуштат државата или да поднесат барање за азил.
Додека македонските невладини организации го поздравуваат новиот закон, Србија е загрижена поради зајакнат притисок на својата јужна граница, подвлекува весникот.
Во текстот се истакнува и дека зголемен број на протерани азиланти од шенгеските држави би можел да се најде на северот на Србија.
По измената на законот за азил во соседната држава, Србија реално може да смета на зголемена имиграција од Македонија, укажува Радош Ѓуровиќ, директор на Центарот за помош и заштита на баратели на азил во Србија.
Тој наведе дека отежнувачка околност е што спогодбата за реадмисија меѓу Србија и Македонија речиси не функционира, а и поради лошите односи меѓу Атина и Скопје протерувањето на илегалните имигранти во Грција е отежнато.
