Девојка од Гостивар ги скршила двете нозе бегајќи од насилник

Од:

Дваесет идвегодишна девојка од гостиварското село Чајле тешко се повреди здобивајќи се со скршеници на двете нозе, по пад од дрво каде го побарала спасот обидувајќи се да побегне од насилник.

Инцидентот се случил вчера околу 18,15 часот во Гостивар на улицата „Светозар Пепоски“ бб, додека девојката се движела по улицата, кога и се доближил непознат маж кој управувал мотоцикл и почнал да ја навредува. Девојката се исплашила и почнала да бега по улицата кон зграда бр.53, по што почнала да се качува на дрво, но во еден момент паднала на земја и се здобила со скршеници на двете нозе.

Со возило на Брза помош, била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош е пренесена и задржана на лекување во клиничкиот центар во Скопје.

Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица Гостивар. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, а според првичните сознанија девојката не го познавала насилникот и не успеала да ја забележи марката на мотоциклот или регистерските ознаки.