Во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во паркот за кучиња во населбата Карпош, 13-годишно девојче, кое било со нејзиниот татко Д.Д.(43), било каснато од куче–Ротвајлер, водено од женско лице.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди, а нејзиниот татко кој се обидувал да го оттргне кучето се здобил со телесни повреди. На повредените им е укажана лекарска помош во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“.
