Дескоска се пофали дека добила златна метла

Од:

Министерката за правда Рената Треневска Дескоска на својот „Фејсбук“ профил објави дека во Министерството за правда добиле подарок-златна метла. Под фотографиите од метлата таа повика конечно да се изгласа законот за јавното обвинителство со што ќе се создаде можност да се измете криминалот и корупцијата.

„Ви благодариме за овој златен подарок – златна метла. Златна метла во правда може да биде за метење криминал и корупција. Се надеваме дека со носењето на Законот за Јавното обвинителство ќе се исполни оваа насушна потреба на граѓаните. Затоа, охрабрете се – заедно да го изгласаме и да создадеме можност да се измете криминалот и корупцијата“ напиша министерката на „Фејбук“.