Денеска протести на Шарената револуција во 15 градови

Од:

Денеска во 15 градови ќе се одржат протести против одлуката на Ѓорге Иванов за аболиција на политичарите, но и против севкупната состојба со економијата, судството, криминалот и корупцијата и медиумите.

Еве каде и во колку часот ќе започнат протестите;

Куманово 18.30, Штип 18:00, Кочани 18:00. Делчево 18:00, Крива Паланка 18:00, Велес 18.30, Прилеп 19:00, Гевгелија 19.30, Струмица 19:00, Радовиш 19:00, Струга 18:00, Ресен 19:00, Кичево 18:00, Битола 18:00.

Во Скопје, како и секој ден протестот е во 18:00.