Ден на жалост во Штип по сообраќајката во која загинаa Петров и Шалев

Од:

Четириесет и едногодишниот Коце Петров и 30-годишниот Ристо Шалев се жртвите во тешката сообраќајна несреќа, која се случи синоќа кај месноста Четврти километар во непосредба близина на магистралниот пат Штип-Радовиш. Општина Штип утринава објави дека денешниот ден го прогласува Ден на жалоста во градот. Петров и Шалев биле вработени во Затвор Штип, движејќи се со возилото „Сеат Кордоба“ во колона со колегите кои требале да ја преземат третата смена, во критичниот момент во 19 часот и 20 минути излетало од коловозот, потоа се превртело на кровот во коритото на реката Брегалница. Нивните колеги кои биле во второто возило се обиделе да ги извлечат од возилото.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека од страна на лекар од Итната медицинска помош, кога пристигнал на местото констатирал смрт на двете жртви во несреќата.

Двете тела се предадени на обдукција по наредба на Јавен обвинител од Штип. Панајотова вели дека се преземаат мерки и дејствија за утврдување на причините за несреќат.

Шалев беше познат на штипската јавност како претседал на урбаната заедница „Железничка“, а Петров е брат на бранителот Влатко Петров која загина во конфликтот во 2001 година.

За само четири дена во Штип тројца мажи загинаа во тешки сообраќајни несреќи. Погребите на двајцата вработени во Затворот Штип ќе бидат денеска во текот на попладневните часови.