Демократски сојуз: Членството во НАТО и ЕУ обезбедува стабилност и безбедност

Од:

„Демократскиот сојуз подолго време предлага доколку се постигне компромисно решение со Грција сврзано со разликите за нашето Уставно име- Република Македонија, пред носењето на конечната одлука во Парламентот, треба да се консултираат граѓаните. Договорот со Грција е постигнат, Законот за ратификација на договорот е донесен, при што пред промените во Уставот, неопходно е да се изјаснат граѓаните на консултативен референдум“ -, велат во соопштението од Демократскиот сојуз.

Од партијата посочуваат без разлика на карактерот на референдумот, резултатите ќе бидат обврзувачки за сите.

„Доколку референдумот е успешен, тогаш Парламентот има обврска да ги усвои Уставните измени, во спротивно, се сè враќа на почеток и ќе се блокираат евроатланските процеси. Демократскиот сојуз смета дека само со објективно и аргументирано информирање за предностите од членството во НАТО и ЕУ, граѓаните ќе ја донесат вистинската одлука и ќе ги отворат перспективите за Македонија. Членство во НАТО и ЕУ обезбедува стабилност, безбедност и правна сигурност, како основни предуслови за економски развој“ -, се завршува во соопштението.

Ви благодариме на соработката.