„Како што сте информирани, со присуство на претставници на парламентарните партии во македонското Собрание денеска во Охрид започнати се разговорите во рамки на дијалогот Жан Моне, која средба е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан.
Како Демократска партија на Турците во Македонија сакаме да Ве информираме дека ние како партија а и како Турска етничка заедница во Македонија крајно сме загрижени поради тоа што на состанокот кој претставува клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи, не се поканети пратениците од Турските претставени во Собранието на Р.М.
Сакаме да истакнеме дека, со игнорирање на помалкубројните етнички заедници меѓукои и Турците при носење на важните стратешки одлуки во име на општеството и државата која во согласност со принципите на ЕУ се движи кон ЕУ, предизвикува големо разочарување и голем недостаток во однос на малцинските права во земјата.
Со надеж дека ваквите грешки и пропусти нема да се повторат во иднина, Ве потсетуваме на важноста на вклучување на Турците и другите помалку бројни етнички заедници кои живеат во Македонија при донесување на важни одлуки кои се од заеднички интерес“ се вели во соопштението на Демократската партија на Турците.
