„После подмолното убиство на еден од лидерите на косовските Срби Оливер Ивановиќ и вчерашниот брутален напад над српскиот народ на Косово и Метохија и насилството над главниот преговарач во име на државата Србија Марко Ѓуриќ, сосема сигурно може да се каже дека меѓународните сили не само што не го оправдаа своето присуство на КиМ туку и ја потврдија неоспорната вистина дека српскиот народ повторно се најде под провокации и насилство и стана позагрозен од било кога до сега.
За жал ни Србите во Македонија не се баш во најзавидна состојба после забрзаното спроведување на Тиранската платформа како подлога за федерализација на државама, игноратскиот однос на власта кон српската заедница во врска со доделување на финансиски средства на српските асоцијации во Македонија, воведување на голема врата на идеологијата на бугарската егзархија, протерувањето на руски дипломати и многубројните подмолни подметнувања и напади кон српскиот народ во Македонија и неговото лидерство.
На наше задоволство слободоумниот македонски народ народ на најотворен начин и најискрено се солидаризира со српскиот народ на Косово и Метохија“ се вели во соопштението на Демократската партија на Србите во Македонија.
