Кочо Стојчески раководителот на Сектор за инспекциски служби – Општина Центар го објави следниов демант:
Невистинити и тенденциозни се обвинувањата во 5-дневната валкана медиумска кампања што ја прави власта на Никола Груевски против мене, Кочо Стојчески, раководителот на Сектор за инспекциски работи во Општина Центар – Скопје.
1. Во јавна администрација работам од 2001 година по договор на дело, а од 15.04.2005 година како државен службеник со завршено високо образование;
2. Од 22.12.2009 до 07.06.2012 година бев раководител на Одделението за матични работи на град Скопје во Управа за водење матични книги при Министерство за правда ПО ОВЛАСТУВАЊЕ, каде што имав значајна улога во градењето на таа институција;
3. Управна инспекција изврши повеќе надзори и контроли на постапката за мое прераспределување и унапредување како вработен во Општина Центар – Скопје, по што констатираше дека нема никакви пропусти;
4. Раководителот на Сектор за инспекциски работи нема овластувања да донесува Решенија за отстранување на градби, таа надлежност ја имаат инспекторите кои се самостојни во работата, а одобренија за градење издава Сектор за урбанизам;
5. Мојата фирма е формирана уште 2011 година и истата нема никаква поврзаност со Општина Центар во нејзиното работење;
6. Назначувањето на мојата сопруга за член на УО на детска градинка Кочо Рацин (позиција којашто не е платена) е направено по предлог на Советот на родители на градинката, не по предлог на Совет на Општина Центар, Советот само го верификува или одбива предлогот на Советот на родители, каде што јас не сум член;
Оправдано се сомневам дека причинте за лагите по медиумите и агресијата што се манифестира периодов врз мене и моето семејство е резултат на:
-Најавениот инспекциски надзор на Општина Центар – Скопје, на градбата изведена од А.Д Бетон – Скопје, каде што дел треба да припадне на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но првенствено на
-Заложбите на актуелното раководство во Општина Центар за законско работење во општината, што очигледно вознемири луѓе блиски од централната власт, за нивните бизнис интереси (кои во изградено и неизградено земјиште имаат свој капитал проценет во вкупна вредност на околу 500 милиони евра).
Барам јавно извинување од сите медиуми што ги објавија лагите и клеветите за мене и членови на мето семејство.
Порачувам дека ќе продолжам со својата работа да придонесувам кон определбите на Општина Центар – Скопје во интерес на граѓаните, за почитување и работа исклучиво по законските прописи и дека приземните и валкани кампањи нема да `не уплашат и предомислат, ако тоа е целта.