Демант на ЛДП: Мерните станици се набавени од владата на СДСМ и ЛДП, од 2003-2006 година

Од:

Либерално-демократската партија воопшто не е изненадена од обидите на ВМРО-ДПМНЕ да ја замајува јавноста со лаги и невистини за тоа како не се виновни што загадувањето на воздухот достигнува драматични размери, а тие не прави ништо тоа да се спречи.

Вистината е на наша страна затоа што фактите говорат дека сите мерни станици, (со исклучок на една), кои работат во Р. Македонија, се набавени од владата на СДСМ и ЛДП, во периодот 2003-2006 година, кога на чело на Министерството за животна средина беа токму Љубомир Јанев и Зоран Шапуриќ од ЛДП. Благодарејќи на овие мерни станици, граѓаните денеска имаат податоци за тоа каков воздух дишат.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ се фали дека распишала тендер за набавка на резервни делови за мерните станици, потсетуваме само дека тоа е тековна работа.

Фактите говорат дека од 2004-та до 2006-та година во Македонија се донесени сите основни закони за заштита на животната средина:

-Законот за животна средина.
-Законот за квалитет на амбинеталниот воздух.
-Законот за заштита на природата.
-Законот за управување со отпадот, како и сите сите други законски и подзаконски акти, со кои се воспоставени еколошките стандарди и стандардите за квалитетот на воздухот.

Категорично ги демантираме и наводите за “малите“ поплави, кои беа едни од најголемите поплави во поновата историја на државата, но она што е клучно е што водите беа под надлежност на Министерството за земјоделие, кое во тој период беше раководено од коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, партијата ДУИ.

ЛДП бара согласно законските прописи, овој демант да биде објавен во сите медиуми кои претходно ја пренесоа реaкцијата на ВМРО-ДПМНЕ за загадувањето на воздухот.