Од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) информираат дека петмина пациенти се веќе пуштени дома и во моментов кај нив се хоспитализирани уште осум повредени лица во завчерашната сообраќајна несреќа кај Велес, од кои двајца се на лекување на одделението за ортопедија и петмина на КАРИЛ.
Министерството за здравство соопшти дека на Клиниката за неврохирургија има еден хоспитализиран пациент, како и уште еден на Клиниката за торакална хирургија.
Од Клиниката по хируршки болести „Св Наум Охридски“ информираат дека во текот на денешниот ден дома ќе бидат пуштени тројца пациенти и во оваа здравствена установа остануваат уште двајца од повредените во сообраќајната несреќа.
Од Општата болница Велес информираат дека сите повредени се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување.