Дел од патниците заглавени во Милано се враќаат во Скопје со автобус

Од:

Дел од патниците од Македонија кои изутрината останаа заглавени на аеродромот во Милано откако поради невреме беше откажан летот на „Виз Ер“ се враќаат дома со автобус, информираат од туристичката агенција „Магелан“ во Скопје.

Според претставници на агенцијата, најголем дел од патниците кои патувале со нивен аранжан прифатиле да се вратат со автобус, а другите, 10 проценти, се одлучиле за другата понудена опција, да се вратат со летот на авиокомпанијата Виз Ер во среда. Трошоците, тврдат од агенцијата, за превозот до хотел и за сместување ќе ги покрие авикомпанијата. За другите патници, кои патувале во индивидуална режија, не сме одговорни, истакнуваат од „Магелан“.

Од „Виз ер“ досега нема официјално известување за преземените активности за третманот на патниците, ниту пак може да се стапи во контакт преку телефонскиот број на нивната веб страница.
Во Македонската амбасада во Рим до попладнево не се јавило ниту едно лице за помош или каква било информација по откажаниот лет, информираат од Министерството за надворешни работи.

Во случај на патниците да не им бидат испочитувани правата во однос на обезбедување превоз и покривање на трошоците, по враќањето дома и истекот на предвидениот рок од шест недели, може да се обратат до Агенцијата за цивилно воздухопловство. За остварување на правата ќе треба да пополнат соодветни формулари.