Дел од општина Аеродром утре без вода

Од:

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат корисниците од улицата „Бојмија“, броевите 2, 4, 6 и 8, од улицата „69“ и дел од улицата „23 Октомври“.

Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради реконструкција на водоводна мрежа, ниска зона на улицата „23 Октомври“ со улицата „Бојмија“ во населба Аеродром.

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на реконструкцијата.