На изборите на 11 декември на голем број од неважечките гласачки ливчиња било запишувано името на претседателот на Народно движење за Македонија, Јанко Бачев, тврдат извори за А1он.
ДИК не ги потврди листите на НДМ за учество на изборите и тие не учествуваа во парламентарната трка.
Од партијата на неколкуте прес конференции обвинија за скандалозен преседан со отстранувањето на НДМ од изборите.
НДМ обвинуваше дека нивните листи се отстранети заради политички сценарија бидејќи како што рекоа на една од интерните анкети на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на два дена пред поднесувањето на листите во ДИК, им покажале дека НДМ ќе освои од 5 до 7 пратеници заради што било конструирано сценарио за спречување НДМ да учествува на изборите.
Претседателот на НДМ Јанко Бачев е жесток критичар на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и се залага за разбивање на двопартизмот, процес кој според Бачев “го започна Народно движење за Македонија храбро, решително и во интерес на народот“.
Според Државната изборна комисија од вкупно 1.191.854 избирачи кои гласале, 37.884 гласачки ливчиња биле неважечки.