Без снабдување со вода од 9 часот ќе останат корисниците од улицата „Костурски херои“ до ТЦ „Буњаковец“ во општина Центар.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка со пречник од 100 милиметри на булеварот „Партизански одреди“, пред Тутунска банка.
Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.