Данев: Се приватизира Собранието, на СДСМ му стана навика да го крши деловникот

Од:

Парламентарното мнозинство на чело со СДСМ го приватизира Собранието и им стана навика да го кршат деловникот, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, според кого, во Собранието важи само волјата на СДСМ и ДУИ. Данев тврди дека им паднале маските.

“Како со Законот за јазици, така и со изборниот законик, тие грубо го злоупотребуваат европското знаменце и Комисијата за европски прашања”, рече Данев.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека изборниот законик никогаш не се носел без консултации со опозицијата, а не се ни разгледувал на Комисијата за европски прашања.

“Кога парламентарното мнозинство сака нешто да протурка на брзина, го користи европското знаменце и Комисијата за европски прашања”, додава Данев.

Со бурни реакции, меѓусебни навреди и бројни паузи се одвива амандманската расправа за измените на Изборниот законик што ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ. Се очекува комисиската расправа за амандманите да трае до полноќ.

Кристијан Ландов