„Пред еврокомесарот Јоханес Хан се залагавме за патот кон НАТО и ЕУ. Во истиот момент кога тој си замина, доаѓа допис од Владата со кој се предлага дополнување на дневен ред на седница за измени за изборен законик. Дали владејачкото мнозонство се согласува со ваква постапка? Никогаш не се носи изборен законик без консултации со опозицијата“ – рече пред говорницата во Собранието координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, реагирајќи што предлогот на Владата веќе е ставен по итна постапка. Во моментов пратениците имаат пауза од еден час.
Измените предвидуваат членовите на ДИК да се бираат со просто мнозинство од 61 пратеник, а не како што е досега со двотретинско.
Целта е да се деблокира изборот на ДИК за да може да почнат подготовките за референдумот.