• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Данев до Џафери: Владата и пратениците да се откажат од средства за себе-рекламирање

by А1он29/08/2018 - 16:04101
Share0

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев испрати допис до претседателот на Собранието, Талат Џафери во кој го информира дека имаат единствен став дека финансирањето кампањи не е од интерес на граѓаните на Република Македонија.

Добивај вести на вибер

Средствата за рекламирање, пишува во образложението, треба да се наменат за реализација на проекти од областа на образованието, за земјоделците и за опремување на војниците.

За пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ финансирањето на кампања од власта со буџетски средства е погрешна одлука.

„Ги повикуваме Владата и нејзините пратеници да се откажат од средствата за себе-рекламирање под превезот на референдум и тие да ги насочат кон конкретни проекти во реалниот сектор. Информирањето за различните видувања да бидат предмет на бројни медиумски соочувања во престојниот период“, стои во дописот на Драган Данев.

ВМРО-ДПМНЕ, како партија, се уште не излезе со став дали ќе учествуваат или не на референдумот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски тоа го најави за 10 септември.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен