Дамјановски: Горд сум на Куманово гас

Од:

Иако, како што вели е безмислено да се одговара на секојдневни провокации од страна на ВМРО –ДПМНЕ, сепак со соопштение реагира градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.
„Во предвечерието на изборите, кои сакаат да ги спојат да бидат и вонредни и парламентарни, ВМРО-ДПМНЕ секојднево се труди да ги понижи и навреди граѓаните и општините каде раководи СДСМ.Сакам да истакнам дека „Куманово – гас„ е една од најдобрите приказни во Република Македонија. Со свои средства успеавме да изградиме дистрибутивна мрежа, успеавме да дистрибуираме гас во 12 јавни установи, оние што се по ингеренција на локалната самоуправа. Моментално сме во фаза на доградување на мрежата и приклучување на неколку колективни големи комплекси“, вели Дамјановски.

Пратеникот Јордан Пачков, посочува, нека погледне кои се луѓе се вработени, нивни фамилии и нивни ронбински врски и нека види се она што во изминатите седум ипол години го претставува ВМРО -ДПМНЕ во РМ како партија на власт.

„Јас сум горд со оваа Јавно Претпријатие, тоа е најдобра приказна во Куманово и општо во Македонија.Ќе продолжиме со уште поголеми сили да го градиме и да покажеме дека Куманово работи за интерес на граѓаните“, реагира Зоран Дамјановски.