Дамјановски: Да не се злоупотребува поплавата, за политички поени

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски потврди дека се поплавени околу 500 објекти, а штетата е од 5 милиони евра.

Според него министрите ги злоупотребуваат поплавите за политички маркетинг, а власта не кажува колку пари ќе обезбеди за обештетување на граѓани.

Овие денови претставниците на Владата се присутни на терен со хигиенски пакети. Не само да се сликаат министрите и премиерот туку да излезат и да кажат дали ќе учествуваат во надоместувањето на штетите. Апелирам да не се користи ваква состојба за политички поени.

Три министри доаѓаа овие два дена, а не даваат изјава дали Владата е подготвена и во кој обем е спремна да ги поддржи нашите граѓани во однос на она што го загубиле. Има објекти каде има штети 20.000, 30.000 па до 100.000 евра. Во овој момент мора да бидеме објективни пред граѓаните и да не даваме лажна надеж.

Едноставно да ги кажеме реалните можности, а тоа е колку Владата и Општината ќе можат да надоместат за изгубеното на граѓаните – истакна Дамјановски.

Тој додаде дека Општината во буџетот нема ставка за елементарни непогоди, но на утрешната седница ќе бидат утврдени средства за основните трошоци во справување со последиците од поплавата. Ќе се потрудиме да обезбедиме средства за сместување и исхрана на поплавените семејства, но за реконструкција, чистење и продлабочување на речното корито.