„Дама Да“ едукативен ден посветен на современата жена

Од:

Во рамки на традиционалниот избор на Топ 10 најуспешни жени менаџерки, денеска по четврти пат се организира Денот на здравјето и убавината посветен на современата жена.

На едукативниот ден насловен како „Дама Да“, ќе има предавање, презентации и хуманитарна аукција на слики, а специјална гостинка е српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ.

Организатор на манифестацијата е агенцијата „Марили“, која завчера ги додели признанијата на најуспешните жени менаџерки за 2017 година. Ова беше 22. по ред избор на Топ 10 најуспешни, а досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава. Секоја година се избираат традиционално по 10, а по повод 20-годишнината од организирање на изборот беа избрани 20 најуспеши менаџерки.

Годишаниот избор беше поддржан од министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.