Цветковски: Куманово знае да ги препознае вистинските вредности

Од:

Куманово заслужува локална власт која ќе ги следи барањата и потребите на граѓаните, гласајте за Куманово без поделби, за независната граѓанска политичка опција „Кога ако не сега“, за Виктор Цветковски и независна листа на советници,предводена од Драги Караџински, повика на денешната прес- конференција, кандидатот за градоначалник Цветковски.

Цветковски потенцира дека водел позитивна кампања, исклучиво говорејќи за проекти и не навредувајќи ги политичките опоненти.

– Веруваме дека во изминативе дваесет дена ги увидовте разликите помеѓу кандидатите на партиите и на независните кои со ваш потпис тргнавме во оваа битка за подобро утре на нашите деца, вели кандидатот за градоначалник, Цветковски, додавајќи дека имаат енергија, искуство, моќ и оти имаат конкретна, издржана и остварлива програма.

Куманово знае да ги препознае вистинските вредности, рече Цветковски и додаде дека Куманово заслужува да биде најмодерна и најразвиена општина во Македонија.