По повод Неделата на детето, во детската градинка „Мини фини буџетчиња” гостин беше познатиот сликар и хуманист Живко Поповски – Цветин.
Цветин им подари свои слики-минијатури со цветни мотиви на сите дечиња, им ја раскажа својата мисија на мирот и им покажа како ги слика цвеќињата и како ги подарува на децата, луѓето и институциите во целиот свет, борејќи се на свој наин за мир и љубов.
Пред дечињата, Цветин наслика 17 цвеќиња на мирот со акрил на хартија кои ќе бидат поставени на продажна изложба, а средствата ќе бидат наменети за лекување во Германија на 18 месечниот Мартин Мицевски кај кого е констатиран редок тип на малиген тумор на мозок (пинеобластом).
